Connect with us

Други спортови

Дел Потро победник на Мастерсот во Индијан Велс

Арентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро е победник на Мастерс турнирот во Индијан Велс, САД.

Во големото финале Аргентинецот синоќа со 2-1, по сетови 6:4, 6:7 и 7:6 го победи првиот светски рекет Роџер Федерер од Швајцарија.

За Дел Потро ова беше прв трофеј освоен на Мастерс турнирите.

Од друга страна, Федерер остана на пет титули на престижниот турнир во „пустината“ и вкупно 27 од Мастерс серијата.