Connect with us

Фудбал

Дембеле го прекина молкот: „Четири години слушам лаги за себе, доста е“

Екипата на Барселона го отпиша францускиот фудбалер Усман Дембеле (24) откако не беше постигнат договор со него за продолжување на соработката.

Каталонскиот клуб сака да се ослободи од него овој јануари, а тоа го потврди и тренерот на Барселона Чави Ернандез.

„Не можеме повеќе да чекаме тој да донесе одлука. Или ќе биде продолжен договорот или ќе се најде решение клубот да го продаде до крајот на месецот. Што и да треба да се реши што е можно поскоро. Не постои друго решение“, рече Чави.

По сите случувања, 24-годишниот фудбалер реши да реагира и излезе со соопштение.

„Четири години читам многу озборувања за себе. Луѓето срамно ме лажат со јасна намера да ме повредат. Досега го игнорирав тоа. Дали беше грешка? Да! Ќе одголварам на сите од денеска“, рече Дембеле.

„Имам 24 години и како и секој маж имам бубачка. Поминав низ тешки времиња, повреди, Ковид, кој влијаеше на мене. Играв кога ми побараа, без да тренирам“.

„Знам колку сум среќен што ја имам најдобрата работа на светот. Мојата порака е јасна. Забранувам некој да каже дека не сум дел од спортски проект. Забранувам некој да зборува во мое или во име на мојот претставник кому целосно му верувам. Сè уште сум под договор, на располагање сум на клубот и тренерот“.

Потоа се осврна на преговорите со клубот за нов договор.

„Преговорите постојат. Му го препуштив тоа на агентот, тоа е неговата област. Мојата работа е топка, играм фудбал. Ќе се фокусирам на најважното нешто – победата“.

Дембеле одигра 129 натпревари за Барселона во изминатите четири и пол години и постигна 31 гол.