Connect with us

Тајмаут

Дембеле кога го напуштил Дортмунд не ги зел дури ни копачките од соблекувалната

Усман Дембеле (20) во текот на летото пристигна како големо засилување во Барселона. „Каталонците“ го купиле од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, Дембеле е најскапото засилување во историјата на Барселона, но во првата сезона, повредите го спречија да го покаже она што се очекуваше од него.

Дембеле не се збогуваше на најдобар начин со поранешните соиграчи, или подобро кажано, дури и не се збогуваше, сакаше да игра за „Каталонците“, па ја бојкотираше Борусија така што некое време тој не сакаше да игра, и германскиот гигант мораше да го продаде.

Искусниот голман на Дортмунд, Роман Вајденфелер, рече дека Дембеле го напуштил клубот на најлош начин.

„Одлучи на сосема погрешен начин да си оди, и неговото однесување предизвика хаос во клубот. Фудбалот не е тенис, ова е тимски спорт, не можам да верувам дека замина, а не ги зеде ни копачките од соблекувалната. Овде доби вистинска шанса да се докаже, а потоа на најлош начин и без господски манири го напушти Дортмунд “, рече Вајденфелер.