Connect with us

Фудбал

Денеска се игра 33. коло од ПМФЛ

Денеска во 16:30 часот ќе се одигра 33. коло од првата македонска фудбалска лига. Денешниот распоред на натпреварите ни носи возбудливи натпревари особена на дното од табелата каде ситуацијата за испаѓање се уште не е јасна.

Во рамките на 33. коло Пелистер ја пречекува Академија Пандев, Скопје го пречекува Шкупи, Победа гостува ка Работнички, Вардар гостува кај Ренова, а Силекс го пречекува шампионот Шкендија.

Несомнено, нај интересни ќе бидат дуелите Пелистер – Академија Пандев, Скопје – Шкупи и Работнички – Победа каде Пелистер, Победа и Скопје се во мртва трка за опстанок во првата лига.

Моменталната ситуација на дното од табелата кажува дека Победа е на 8. позиција со 32 освоени бодови, а под неа се Скопје и Пелистер кој имаат бод помалку, но мора да се каже и дека Пелистер има натпревар помалку против Шкупи.