Connect with us

Фудбал

Дешамп објасни зошто не ги повикал Марсијал и Лаказет на Мундијалот

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп ја бранеше одлуката да не ги повика во тимот за СП во Русија напаѓачите Антони Марсијал од Манчестер Јунајтед и Александар Лаказет од Арсенал.

„Двајцата играа добро во контролниот меч против Германија минатиот октомври, но тоа е само еден натпревар. Во останатите не беа доволно добри. Анализиравме внимателно како би можеле да ги користиме во конкретни ситуации и дојдовме до заклучок дека можеме и без нив. Сметам дека Жиру, Гризман, Фекир и Мбапе можат да завршат доволно добра работа во нашиот напад“, прокоментира Дешамп.