Connect with us

Фудбал

Девет играчи на Барселона проверени за допинг

ФИФА денеска им приреди изненадување на фудбалерите на Барселона, откако за време на тренинг-сесија беа посетени од допинг полицијата.

Девет од играчите на Ернесто Валверде беа проверени пред следниот натпревар од Ла Лига против Малага во сабота.

Од каталонскиот клуб потврдија дека за допинг биле проверени Серхио Бускетс, Паулињо, Жорди Алба, Лука Дин, Жерар Пике, Андре Гомеш, Марк Андре Тер Штеген, Томас Вермален и Андрес Иниеста. Сите тие дадоа крв и урина.

За време на тренингот, учестуваше и младиот Карлес Алена, кој најверојатно ќе биде вклучен во групата поради повредите на Андрес Иниеста, Нелсон Семедо и Денис Суарез.