Фудбал
Девојката на играчот на Реал ги покажа бруталните навреди: Се надевам дека ќе умре покрај вашите две грди деца
Сара Саламо, девојката на фудбалерот на Реал Мадрид, Иско Аларкон, секојдневно добива брутални заканувачки пораки и разни навреди.
Сара и Иско имаат навистина одлична врска што ја крунисаа со своите деца, но хејтерите полни со омраза го прават нејзиниот живот горчлив секој ден со навистина брутални и морбидни пораки на Инстаграм.
Таа одлучи да сподели некои од нив, па објави порака од извесна Марија Лоренцо во која може да се прочитаат навистина одвратни работи.
„Да се пос*рам на мртвите. Тој изгледа како крава и може да умре еден ден од тоа. Се надевам дека ќе умре покрај вашите две грди деца“, беше една од пораките што ги доби Сара, по што таа рече:
„Што да направам со ова? Не можам да ја пријавам пораката, но веќе сум уморна од ваквите работи. Одам во полиција“, рече Сара.
Навистина брутални пораки.