Connect with us

Фудбал

Девојката плачела и го молела Кавани да остане, па му подарила подарок кој го воодушевил

Уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од оваа сезона.

Кавани дојде во Јунајтед пред речиси две години како слободен играч од ПСЖ, но на „Олд Трафорд“ ја немаше минутажата каква што очекуваше.

Иако минатата година имаше прилично добра сезона, оваа година речиси никаде го немаше. Кавани веќе одлучи да го напушти Манчестер Јунајтед бидејќи неговиот договор со овој клуб истекува на крајот од сезоната.

Синоќа се прости од Олд Трафорд бидејќи Јунајтед го одигра последниот натпревар сезонава на домашен терен.

Кавани беше во центарот на вниманието по натпреварот, а една девојка имаше шанса да го запознае и да си го оствари сонот. Кавани е нејзиниот омилен играч и не можеше да ги сокрие солзите кога Уругваецот ја прегрна.

Искусниот напаѓач и подари автограм, а таа имаше и подарок за него бидејќи му подари стегач за коса која Кавани вообичаено ја носи на натпреварите. Кавани се изненадил од подарокот и веднаш го пробал, што уште повеќе ја воодушевило оваа девојка.

Таа го молела Кавани да не го напушти Манчестер Јунајтед и да остане уште една сезона, но тој не го коментирал тоа.