Connect with us

Други спортови

Девојко, дали си нормална? Се обиде да му го стави прстот во носот на Тајсон, а таа снимка сега го обиколи светот (ВИДЕО)

Пред десетина дена Мајк Тајсон беше во центарот на вниманието откако претепа патник во авион кој го испровоцира.

Го испровоцирал Тајсон, бил претепан и најавил тужба за легендарниот боксер.

Иако ситуацијата не се смири, Мајк повторно се најде во неволја, но овојпат реагираше многу посмирено.

Имено, овој пат непозната девојка му пришла одзади и се обидела да му го стави прстот во носот додека се фотографирал со фановите.

Сосема нормално, Тајсон се изненади и рефлексно реагираше свртувајќи се кон неа, кој исто така беше изненадена од реакцијата на боксерот.

Сето тоа се случи во саботата кога Мајк Тајсон влезе во арената на забава предводена од Шакур Стивенсон и Оскар Валдез.

„Навистина ми е жал, не сакав да го направам ова“, било извинувањето што девојката му го упатила на Тајсон.

Погледнете за што се работи и проценете сами.