Connect with us

Фудбал

Џака: Интер никогаш не ме контактираше

Во последно време се шпекулираше околу иднината на Гранит Џака, но швајцарскиот репрезентативец се уште е член на Арсенал.

За Џака беше заинтересиран Интер и наводно бил близу до „Џузепе Меаца“, но сега тврди дека немало никаков контакт со клубот од Италија.

„За тоа се пишуваше во весниците, но нема вистина во тоа. Никогаш не сум имал контакт со Интер“, порача Џака за швајцарските медиуми.

Многумина на „Емирати“ беа затекнати кога порано изјави дека сака да направи исчекор во кариерата.

„Многу сум амбициозен, сакам да го направам следниот чекор. Арсенал не мора да биде мојата последна станица“, изјави Џака.

Тој под водство на Унаи Емери стана еден  од клучн ите играчи на Арсенал, а во неколку наврати беше и капитен на овој тим.