Connect with us

Фудбал

Џамал Мусијала: Ѕвездата на ЕВРО 2024 со Македонски Тренер од Детството

Џамал Мусијала, еден од најталентираните млади фудбалери во светот, моментално игра за Баерн Минхен и е единствениот играч на ЕВРО 2024 кој двапати постигна голови на турнирот. Интересно е што неговите први чекори во фудбалот ги направил под водство на Македонец.

Неговиот тренер бил Бранко Миленковски, кој го водел Мусијала во клубот ТСВ Ленерц Бамбини. Мусијала започнал да тренира на четиригодишна возраст, а Миленковски сè уште се сеќава на него.

„Горд сум што имав можност да тренирам момче кое сега е дел од германската репрезентација. Беше мало, брзо и разиграно, многу силно за својата возраст. Не се плашеше и можеше да игра со постарите момци, што значително му помогна да напредува“, вели Миленковски, кој соработувал со Мусијала од 2008 до 2010 година.