Connect with us

Ракомет

Џамбо замина од Вардар

Голманот Страхиња Милиќ повеќе не е член на нашиот клуб, откако спогодбено е раскинат договорот за соработка.

Двете страни се договорија за прекин на соработката која трае веќе седум сезони. Тој е еден од членовите што најдолго се задржа во нашиот тим.

Милиќ беше дел од најголемите клупски успеси на Вардар, како освојувањето на европската титула, четирите титули во СЕХА лигата, Пет титули во Македонија, шест трофеи во купот на Македонија и еден трофеј во Супер Купот на Македонија.