Connect with us

Кошарка

Џејмс Харден направи вистински хаос во Америка

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, создаде вистински хаос во САД.

Харден го испровоцира гневот на многумина кога се појави со маска на која пишуваше „Blue Lives Matter“ и со тоа го промовираше движењето за поддршка на полицијата во оваа земја.

Оваа организација е создадена како одговор на иницијативата „Black Lives Matter“, покрената по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата.

„Не сакав да испратам никаква порака. Ја носев маската затоа што сакав да ги покривам лицето и брадата. Мислев дека е кул“, рече Харден.

Сепак, тој го испровоцира гневот на многумина од движењето BLM и стана омразен човек.