Connect with us

Фудбал

Џенаро Гатузо нов тренер на хрватски Хајдук, се подготвува и мега трансфер!

Сплитски Хајдук и во следната сезона ќе тргне силно во трката за титулата што ја чека од 2005 година. Само еден ден по доаѓањето на славниот Италијанец Џенаро Гатузо за тренер, се појави информација дека го контактирале Един Џеко.

Новиот спортски директор на Хајдук, Никола Калиниќ, се обидува да ги искористи блиските врски со Џеко и да го доведе во Пољуд, пренесуваат хрватските медиуми. „Малиот“ проблем е што голгетерот од Босна и Херцеговина има уште една година од договорот со Фенербахче и сериозно висока плата. Но, тоа не ги спречува клубот од Сплит и Калиниќ да започнат луда операција и да ја потресат Далмација со евентуално доведување на поранешен соиграч од Рома.