Connect with us

Фудбал

Џенова не се откажува од Пандев, добива нов договор

Македонскиот најдобар фудбалер Горан Пандев доби понуда за нов едногодишен договор со Џенова, пишуваат италијанските медиуми. Иако тој планираше да заврши со професионалниот фудбал, сепак веројатно ќе го продолжи договорот со оглед на тоа дека неговата желба беше да се обиде на крајот од кариерата со Македонија да игра на ЕП.

Мечот со Косово од полуфиналето од плеј-офот од Лигата на нации требаше да се одигра денес, но како тој натпревар, така и целото ЕП 2020 е одложено. Континенталниот собир ќе се одигра следната година, па веројатно Пандев ќе остане уште една сезона во Џенова за да биде во форма во случај Македонија да обезбеди историски пласман на ЕП.