Connect with us

Фудбал

Џерард го носи Де Хеа?

Ал Етифак би можел да го доведе голманот Давид Де Хеа (33), објави „The Sun“. Тие додаваат дека во трката ќе се приклучат и други саудиски клубови доколку Ал Етифак не ги исполни барањата на шпанскиот голман. Да потсетиме, легендарниот играч на Ливерпул, Стивен Џерард (43) летово стана тренер на Ал Етифак.

Де Геа, кој одигра 45 натпревари за шпанската репрезентација и минатата сезона беше прогласен за најдобар голман во Премиер лигата, е без клуб откако не успеа да преговара за продолжување на договорот со Манчестер Јунајтед. За англискиот гигант одигра 545 натпревари, 190 без примен гол, а со него го освои англиското првенство и Лигата на Европа.

Според англиските и шпанските медиуми, Ал Наср му понудил на Де Хеа два милиони евра месечно за потпишување на договорот, но тој ја одбил понудата. Најверојатно поради интересот што го покажа Интер Мајами, клуб во косопственост на Дејвид Бекам, во кој настапуваат Лионел Меси, Серхио Бускетс, Жорди Алба и кој наводно ги повикува Луис Суарез и Иван Ракитиќ.

Освен интересот од МЛС, Де Хеа наводно има уште неколку опции. Се споменува можно враќање во Атлетико Мадрид, Валенсија и Бетис, како и можен влез во шпанскиот второлигаш Елденсе. Де Геа деновиве се распрашуваше за потенцијалното купување на тој клуб бидејќи актуелниот претседател Паскал Перез си заминува откако по 60 години успеа да го професионализира клубот.