Фудбал
Џиџи Буфон низ годините и дресовите
Џанлуиџи Буфон го направи своето деби во сениорскиот фудбал во ноември 1995 година. Речиси 25 години подоцна, Буфон сеуште брани и е апсолутна легенда на италијанскиот и светскиот фудбал.
Вчера Јувентус го совлада Торино на домашен терен, 4:1, а легендарниот Буфон влезе во историјата бидејќи стана играч со најмногу настапи во Серија А. Вчера против Торино беше неговиот 648. настап во елитните редови на италијанскиот фудбал.
Џанлуиџи Буфон ја започна својата кариера во Парма, од каде се префрли во Јувентус во 2001 година, а тој застана на голот на „Старата дама“ без прекини до 2018 година, кога реши да се пресели во ПСЖ. Сепак, тој остана на „Паркот на Принцовите“ само една сезона откако се врати во Јувентус ова лето.
42-годишниот Буфон ќе застане на голот на Јувентус барем уште една сезона, бидејќи тој неодамна го продолжи договорот до летото 2021 година.
После рекордот на Буфон, „Блачер репор“ направи краток „дело“, што е исклучително интересно за гледање.
Станува збор за компилација на фотографии од Буфон и дресови што ги носеше во Серија А низ годините.
Се менуваа дресови, стилови и трендови, но Џиџи се уште е тука …
Buffon's Serie A Kits Through the Years
A record 648 Serie A appearances for Gigi Buffon. Those kits through the years ?
Gepostet von Bleacher Report Football am Sonntag, 5. Juli 2020