Connect with us

Тајмаут

Џордан влегува во европскиот фудбал

Пари Сен-Жермен може да стане првото фудбалско име во портфолиото на најпознатиот кошаркарски бренд во светот – „Jordan Brand“. Францускиот клуб игра со опрема на „Најк“, чиј оддел е инспириран од брендот на Мајкл Џордан, а неодамна разбравме и за соработката меѓу „Ер Џордан“ и Реал, изразена во варијанта на еден од ретро моделите на ЕмЏеј, специјално создадена и инспирирана од клубот.

Дресовите на парискиот клуб се меѓу најпопуларните во уличната мода на светско ниво, а евентуална соработка со „Ер Џордан“ би била вистинска сензација. Претходно во текот на летото, Џастин Тимберлејк се појави на концертот во Париз со јакна, врз која се забележува амблемот на „Jordan Brand“ и оној на Пари Сен Жермен.

Според непотврдени информации се очекува ПСЖ да имаат два дреса со брендот, кои ќе бидат употребени за натпреварите на клубот во Лига на шампионите.

Соработката на брендот со фудбалскиот свет не е нешто непознато и иако евентуалните дресови ќе бидат прв сличен производ, пред повеќе од две години актуелната ѕвезда на ПСЖ, Нејмар доби своја варијанта на „Air Jordan 5“.

Компанијата на легендарниот кошаркар спонзорира повеќе безбол ѕвезди и играчи во американскиот фудбал, а од неодамна облекува и неколку колеџ тимови во американски фудбал.