Connect with us

Други спортови

Џошуа со две раце ќе ја прифати борбата против непобедливата „мачка“

Со победата против Британецот Тони Белју, украинскиот боксер Александар Усик го задржа статусот на шампион во полутешка категорија. Тој на мечот во Манчестер со нокаут во осмата рунда ги одбрани четирите појаси.

По борбата, Белју изјави дека популарниот „мачка“ е најдобриот боксер со кој се соочил, па сега се почести се гласините за тоа дека Украинецот наскоро ќе се пресели во тешка категорија. Можеби наредната година ќе добие и шанса да боксува против актуелниот шампион, Ентони Џошуа.

  • Џошуа го поврзуваат со Усик. Мислам дека Украинецот посакува да се бори против боксер каков што е Џошуа. Тој е човек кој сака да ги одмери силите против секого. Предизвикот на Усик е силата на Џошуа. Единствено Евандер Холифилд покажа како се боксува против боксер посилен од себе, но тоа тој го направи со силата во рацете, што е тешко да се постигне со самата вештина. Доколку дојде до овој меч, тоа би бил огромен спектакл. Интересно е тоа што по изјавите на Александар можеме да забележиме дека свесен за предизвикот кој го очекува. Тој не се шегува. Но, исто така ќе мора интензивно да се подготви за премин во тешка категорија. Ќе мора да одработи минимум два натпревари во оваа категорија за да биде подготвен да боксува против Џошуа. За евентуелен дуел, сигурен сум дека Џошуа со две раце ќе прифати, изјави британскиот боксерски промотор, Еди Херн.

Усик во кариерата има 16 победи во исто толку натпревари, од кои 12 ги доби по пат на нокаут.