Connect with us

Други спортови

Џумхур се огласи по епското финале и историската победа на Надал

Историската 21. Грен слем титула на Рафаел Надал е првата спортска вест во светот.

Честитки пристигнуваат од сите страни, водечките светски медиуми пишуваат за историскиот потфат на големиот Шпанец, а има и такви кои се обидуваат да го омаловажат резултатот на Надал.

Така се огласи на Инстаграм тенисерот од БиХ, Дамир Џумхур.

„Секој може да освои Грен слем кога Ѓоковиќ не се натпреварува. Џокерот и понатаму е најдобар на сите времиња!“, изјави Џумхур.

Сигурно дека изјавата на Џумхур не е баш во ранг на професионалец. Секако, некому му се допаѓаат игрите на Новак Ѓоковиќ, некому на Рафаел Надал, но денешниот резултат на Надал заслужува само почит, сепак 21. Грен слем титула е најголемиот резултат во историјата на тенисот.

На ова да додадеме дека Шпанецот со денешната титула, втора на Австралија опен, по Новак Ѓоковиќ стана само вториот тенисер со најмалку две титули на секој Грен слем турнир во сезоната.