Connect with us

Фудбал

Ди Марија договори се со новиот клуб

Завршена е уште една трансфер приказна во пресрет на претстојното лето.

Според пишувањата на светски реномираните медиуми, Анхел Ди Марија договорил се со Јувентус и кариерата ја продолжува во редовите на Старата дама.

За ова се пишуваше изминативе денови, а утрово беше објавена веста дека целата работа е завршена.

Останатите детали Аргентинецот ќе ги договори во Торино по завршувањето на оваа сезона, по што ќе биде официјализиран комплетниот трансфер.

Ди Марија викендов ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ против Мец во 38. коло од Лига 1, а летово му истекува договорот со парискиот клуб.

Според некои информации, тој би имал плата од седум милиони евра плус бонуси во Јувентус годишно, но не се знае колку ќе трае договорот.

„Мојата идеја е да играм уште една година во Европа и да бидам подготвен за Светското првенство, а потоа да се вратам во Аргентина“, изјави Ди Марија пред неколку дена.

Еден од најдобрите крилни напаѓачи во својата генерација на Стариот континент игра веќе 15 години. Претходно ги носеше дресовите на Бенфика, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.