Connect with us

Фудбал

Ди Марија се подалеку од Јувентус

Анхел Ди Марија е се подалеку од Јувентус.

Се чинеше дека се е готово и дека поранешниот член на Старата дама пристигнува во Торино, но работите се искомплицираа.

Скај Спорт пренесува дека двете страни во последните денови се оддалечуваат и дека нема да се најде заеднички јазик.

Ди Марија се поврзува и со Барселона.

Трансферот на Ди Марија на Камп Ноу не е лесна задача, бидејќи Каталонците нема да се согласат на трансфер под никакви услови.

Поточно, Анхел ди Марија ќе мора да прифати плата од само два милиони евра годишно, далеку под онаа што ја заработува во ПСЖ, најавува Барса Универзал.

Останува да видиме што ќе избере аргентинскиот играч – Јувентус и повисока плата или Барселона помала плата и големо предавство, со оглед на тоа што четири години играше за Реал Мадрид, најголемиот ривал на Барселона.

Беше член на Реал Мадрид од 2010 до 2014 година, а за тоа време беше шампион на Шпанија во 2012 година, европски првак две години подоцна, го освои Суперкупот на УЕФА, двапати Купот на Шпанија и еднаш Суперкупот.

Да потсетиме, во кариерата играше и за Росарио, Бенфика и Манчестер Јунајтед.