Connect with us

Фудбал

Дибала донесе победа за Јувентус против Верона

Шампионот на Италија Јувентус на крајот од првата полусезона во Серија А заврши на втората позиција со еден бод зад лидерот Наполи откако синоќа во последниот дуел од 19.коло ја совлада Верона со 3:1.

Головите за победа ги постигна Пауло Дибала во 72. и 77.минута. Инаку, Јувентус поведе во 6.минута со голот на Блесе Матуиди, додека Мартин Касерес изедначи во 59.минута.

Ова за Јувентус беше 15-та победа сезонава, а по 19-те одиграни кола во Серија А лидер е Наполи со 48 бодови, а Јувентус е на втората позиција со бод помалку.

Следното коло во Серија А се игра на 5 и на 6 јануари.