Connect with us

Фудбал

Дибала ги шокираше и лекарите, веќе 40 дена позитивен на коронавирус

Аргентинецот се зарази пред точно 40 дена, а денеска наводно повторно се тестирал, и повторно бил позитивен, јавуваат медиумите. Ова било четврти тест кој го направил Дибала, но како што вели битно е дека се чувствува добро.

На првиот тест бил позитивен, вториот тест наводно бил лажно негативен, а само два дена подоцна утврдено е дека сепак е позитивен. На следните два теста исто така се покажа позитивен.

-Сега сум добро. Првите денови имав силни симптоми, сега веќе ги немам. Нормално тренирам и се чувствувам одлично, изјави Дибала.