Connect with us

Фудбал

„Дибала ќе замине од Јувентус во Интер, ќе видите“

Агентот Фулвио Валкареџи даде неверојатна прогноза, велејќи дека Пауло Дибала веќе решил да го напушти Јувентус како слободен играч и ќе премине во Интер. „Ќе видите“, рече тој

Агентот, кој не соработува со Дибала, ги даде овие коментари за време на интервјуто за „Radio Kiss Kiss Napoli“.

Актуелниот договор на Дибала кој истекува на 30-ти јуни и преговорите за продолжување на договорот кои се очекуваше да завршат се чини дека се доведени во прашање.

Трансферот на Душан Влаховиќ од Фиорентина за 67 милиони евра, плус 8 милиони евра бонуси уште повеќе ја комплицира оваа ситуација.

„Пауло Дибала ќе оди во Интер, ќе видите“, изјави Валцарегџи.

„Неговиот однос со директорите на Јувентус е целосно нарушен. Сè укажува на тоа дека тој ќе оди во Интер“.

„Ќе биде голем трансфер за Интер, се е готово!“

Не е прв пат Дибала да се поврзува со трансфер во Интер, каде повторно би се здружил со генералниот директор Бепе Марота, човекот кој го префрли во Јувентус од Палермо во 2015 година за 41 милион евра.

Се вели дека „белите“ се согласиле да му плаќаат 10 милиони евра по сезона, за да ја одложат одлуката до февруари.

Тоа значи дека Аргентинецот може да замине како слободен играч и сега легално да преговара со други клубови.

Дибала оваа сезона на 23 натпревари постигна 11 гола и направи четири асистенции.