Connect with us

Фудбал

Дибала за коронавирусот и симптомите: Во одредени моменти тешко дишев

Даниеле Ругани, Матуиди, па потоа Паоло Дибала. Ова се тројцата фудбалери на Јувентус за кои е потврдено дека имаат Ковид-19. Иако претходно се појави инфомрација дека Дибала е позитивен, тој го негираше тоа, но сепак една недела подоцна потврди дека тој и неговата девојка се заразени со смртоносниот вирус.

Сега Аргентинецот вели дека добро се чувствуваат и дека најлошото поминало. Но, сепак не било се така лесно.

-Едвај дишев, не можев да направам ништо по пет минути. Ме болеа мускулите. За среќа, Оријана и јас сега се чувствуваме многу подобро, изјавил Дибала.

Инаку, откако се појави информација дека Ругани е заразен со коронавирус, Јувентус стави во карантин над 100 лица, фудбалери, стручен штаб, раководство, но и сите оние кои работеле во тимот во изминатиот период.

 

View this post on Instagram

 

Estamos bien ???

A post shared by Paulo Dybala (@paulodybala) on