Connect with us

Ракомет

Дибиров: Цела сезона игравме добро и ова е награда за тоа

Вардар е првиот тим што во последните години како европски првак успеал да се пласира повторно на Ф4 турнирот и да биде во ситуација да ја одбрани титулата. На реванш натпреварот од четврт-финалето на ЛШ во СЦ „Јане Сандански” екипата на Кил победи со 28-27, но поради повеќе постигнати голови во гости „црвено-црните” се пласираа во Келн. На првиот меч во Германија победи Вардар со 29-28.

„ Имавме многу проблеми на тренот. Не се снајдовме најдобро против Ландин. Сепак, успеавме да се соземеме и во вториот дел од средбата дадовме неколку голови од контра. игравме под притисок, но со големата поддршка од трибините успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат. Кил играше одлично, горд сум на моите играчи и поради тоа што сум нивни тренер. Сега ни претстои Ф4-турнирот во Келн. Ќе одмориме малку, а потоа ќе можеме да се подготвуваме за она што ни претстои во Келн. Вардар е шампион и треба да ја брани титулата во Келн. Сепак, мораме да бидеме добро подготвени. Имаме два меча во Келн и мораме да мислиме исклучиво на она што не очекува на теренот. Штом ќе почне натпреварот ќе заборавиме на се и ќе размислуваме исклучиво на она што се случува на теренот. Таму нема да има фаворити туку ќе мора да се прикаже најдоброто за да се обезбеди победа, изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар на прес конференцијата по натпреварот.

Вардар во текот на најголемиот дел од натпреварот Вардар имаше водство, но во самата завршница Кил ги искористи грешките и постигна гол за победа.

„Сега сакам да испиеме сите по едно пиво и да прославиме. Потоа ќе размислуваме. Сепак, мора да се одигра добро против секого ако се сака титулата. Задоволни сме што одиме втора година по ред на Ф4 турнирот. Знаевме дека ќе биде тешко на овој натпревар. Кил е одлична екипа со голема историја. Бевме свесни дека до последната минута ќе биде тешко. Имавме среќа, а таа ги следи храбрите. Цела сезона работевме максимално и како што треба. Сега ја добивме наградата со уште еден завршен турнир. Сакам да им честитам на колегите од Кил. Ние немавме пораз 15 месеци дома, но се случи тоа. Сепак, овој пораз нема да не боли бидејќи на крајот ние бевме тие што се радувавме и сите го заслуживме тоа, па ќе видиме како ќе биде за еден месец, изјави Тимур Дибиров.