Connect with us

Фудбал

Дињ заминува од Барселона и се сели на островот

Лукас Дињ официјално ќе ја заврши својата авантура во Барселона во наредните денови.

Откако стана јасно дека овој францускиот фудбалер нема иднина во Камп Ноу, Дињ се согласи да ја промени околината и, наводно нема да ја заврши американската турнеја со Барселона.

Како што пишуваат бројни странски медиуми, Дињ ќе ја продолжи кариерата во редовите на Евертон, а до реализација на трансферот, останува само да отпатува на островот за медицински прегледи.

Според претходните извештаи, Барселона ќе добие околу 20 милиони евра за овој трансфер.

Дињ пристигна во Барселона летото 2016 година од Париз Сен Жермен, а за време на неговата кариера ги облекол дресовите од Лил и Рома.