Connect with us

Фудбал

Динамо даде гол, но само ја налути Севиља, Аталанта со пресврт од победа, Порто подобар од Лацио

Динамо Загреб е поразен на гостувањето кај Севиља во првиот натпревар од 1/16-финалето на Лига Европа

Иван Ракитиќ ги доведе домашните во водство во 13. минута по голот од пенал кој го направил Доминик Ливаковиќ.

Динамо успеа да израмни во 40. минута, а голот го постигна Мислав Оршиќ.

Сепак, тој гол се чини само ја налути Севиља, која до крајот на полувремето стигна до два нови гола преку Окампос и Марсијал, а подоцна ќе испадне тека тоа се конечни 3:1.

Најголемата шанса Динамо ја имаше во вториот дел од играта, но Боно се истакна со две нереални одбрани.

Исто така, треба да се спомене дека во првото полувреме од овој натпревар дојде до инцидент на делот од трибините каде се наоѓаат Бад Блу Бојс, бидејќи дошло до судир со полицијата.

На преостанатите три натпревари одиграни од 21 часот, Аталанта победи со 2:1 против Олимпијакос, Порто со истиот резултат беше подобар од Лацио, додека Лајпциг и Сосиедад ремизираа 2:2.

Претходно денеска се одиграа уште четири натпревари. Барселона и Наполи ремизираа 1:1, Бетис победи кај Зенит со 2:3, Шериф беше подобар од Брага со 2:0, а Ренџерс го совлада Дортмунд со 2:4 на гости.