Connect with us

Фудбал

Динамо Киев: „Вака изгледа вашата „помош“ Нема да биде лесно, но ќе победиме!“

Зборови за поддршка за Украинците нападнати од Русија во четвртокот пристигнаа од речиси сите делови на светот.

Главниот град на Украина, Киев, претрпе многу и таму се уште се водат жестоки борби, а познатиот фудбалски клуб од тој град Динамо сега објави трогателна порака на социјалните мрежи.

Ноќта од четврток кон петок беше особено тешка за жителите на Киев. Во неколку предградија на главниот град на Украина беше жестоко, Русите се приближија на околу 30 километри од центарот, зафатена е дел од инфраструктурата, а има и цивили кои загинаа.

Во врска со трагичните настани во главниот град на Украина, Динамо Киев објави трогателен коментар на Твитер. Содржи четири црно-бели фотографии на кои се прикажани оштетени станбени згради.

„Русија, вака изгледа вашата „помош“ за Украина. Ова е тероризам. Нема да биде лесно, но ќе победиме!“, стои во соопштението на тимот од Киев.

Поради војна, украинското првенство беше прекинато, а фудбалерите на Динамо моментално се безбедни, иако секако никој не може да им гарантира безбедност.

Ова е трет ден од инвазијата на Украина, а фокусот е на борбите во Киев. Украинските власти тврдат дека успешно се спротивставиле на сите руски напади, Русите тврдат дека го освоиле Мариупол.

Украина ги демантираше изјавите дека ги отфрлила преговорите за примирје со Русија, но рече дека нема да се согласи со ултиматуми и неприфатливи услови од Русија.