Фудбал
Динамо Загреб има понуда на маса од 5 милиони евра за „македонскиот лав“
„Лавот македонски“ како што го нарекуваат уште Аријан Адеми, пред се поради неговата борбеност и пожртвуваност на секој меч, за репрезентацијата, но и за клубот, имал понуда да ги смени клупските бои. Како што пишуваат хрватските медиуми, на адреса на Динамо Загреб пристигнала понуда од 5 милиони евра за услугите на Адеми. Сепак, името на клубот не е познато, барем не за тамошните новинари, но не се знае ниту дали хрватскиот тим ќе се одлучи да го продаде капитенот. Адеми веќе 12-та година е дел од најтрофејниот хрватски тим, а од 2017-та е капитен.