Connect with us

Фудбал

Динамо Загреб со тренерска понуда за Гоце Седлоски

Поранешниот македонски репрезентативец, а потоа тренер на Вардар, Турново, Рига и Широки Бријег, Гоце Седлоски има понуда од Динамо Загреб. Според информациите на хрватските медиуми, на еден од најдобрите македонски дефанзивци понудена му е тренерската позиција во вториот тим на најславната хрватска екипа, односно младинскиот погон.

Хрватските медиуми предвидуваат дека наскоро ќе биде постигнат договор.

Седлоски е вистинска легенда на поновата историја на Динамо. Играше за овој клуб во два навари, првиот од 1998 до 2004, а потоа и една сезона во 2005 година.