Connect with us

Фудбал

Директорот на Спортинг го најави можното доведување на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е на одмор меѓу двете сезони, а неговата иднина во Манчестер Јунајтед е неизвесна.

Португалецот се поврзува со тимови како Баерн, Јувентус, Рома, но и Спортинг Лисабон каде ја започна кариерата.

Спортскиот директор Уго Вијана не мисли дека би било можно португалската суперѕвезда да се врати во клубот во кој израсна ова лето.

Уго Вијана, поранешен играч за врска на Спортинг, Њукасл и Валенсија, е повеќе наклонет кон опцијата во која Роналдо ќе одлучи да остане уште една сезона во Манчестер Јунајтед и покрај сите гласини дека може да си замине.

Колку и да би сакал повторно да го види Кристијано Роналдо во дресот на Спортинг, Хуго Виана е реален и верува дека на тимот на Манчестер Јунајтед очајно му е потребен Роналдо следната сезона и нема да го пушти да си оди.

Виана потсетува дека во спортот се е можно, а одлуката целосно му припаѓа на Роналдо.

“Не сега. Мислам дека тоа не е можно. Но никогаш не се знае. Тој ќе одлучи каде ќе оди. Никогаш не знаеш што носи иднината. Не сакам да зборувам премногу на оваа тема, бидејќи кога разговараме за Кристијано, се е поинаку. Мислам дека има уште една година од договорот, па што и да одлучи, ќе видиме“, изјави Хуго Виана, пренесува metro.co.uk.

Да потсетиме, Роналдо минатото лето се врати во Манчестер Јунајтед од Јувентус, а најнаведената причина за неговото евентуално заминување од „Олд Трафорд“ е тоа што „црвените ѓаволи“ следната сезона нема да играат во Лигата на шампионите.