Connect with us

Фудбал

Добри вести за македонските тимови, стигна демант од УЕФА, нема кратење на квалификациите

Откако британски „Тајмс“ објави информација, повикувајќи се на свои извори дека УЕФА планира да ги скрати квалификациите за европските купови следната сезона, стигна демант од европската куќа на фудбалот.

-УЕФА никогаш не размислуваше за ускратување на можноста на националните шампиони да се борат за квалификување во групната фаза од ЛШ преку игрите на теренот. УЕФА сака да разјасни дека во моментов само го следиме развојот на настаните. До денеска ниту една конкретна опција не е развиена за форматот на квалификациите за европските натпреварувања следната сезона, се наведува во соопштението од УЕФА.

УЕФА со драстично кратење, македонските клубови ќе останат без Европа?!