Connect with us

Фудбал

Додека играчите на Ливерпул го славеа пласманот во финалето, тој плачеше како мало дете

Фудбалерите на Ливерпул сосема заслужено се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

„Црвените“ синоќа по пресвртот го победија Виљареал со 3:2 и со вкупни 5:2 се пласираа во големото финале од Лигата на шампионите што ќе се игра во Париз.

Синоќа не беше толку сјајна за Ливерпул бидејќи англискиот клуб губеше со 2-0 по првото полувреме и тогаш се чинеше дека Виљареал е подготвен за уште една сензација, но на крајот тоа не беше можно.

Ливерпул дојде до својата игра и пресврт во вториот дел, а одлучувачки играч беше Луис Дијаз кој на полувремето го внесе Јирген Клоп и тоа беше одличен потег.

Дијаз одигра одлично второ полувреме и успеа да постигне еден гол. Тој покажа дека Ливерпул направи одличен потег кој го донесе во јануари, а Колумбиецот ужива да игра во дресот на овој клуб.

Тој е само неколку месеци во Ливерпул и веќе е на прагот да освои речиси се што може со овој клуб. Колку му значеше пласманот во финалето најдобро покажува моментот кога камерите го снимија Дијаз како плаче.

Другите играчи на Ливерпул славеа нов успех со навивачите, но Дијаз не можеше да ги сокрие солзите и тоа најдобро покажува колку е горд на себе што стигна до финалето на најелитното клупско натпреварување во светот.