Connect with us

Фудбал

Договорот е подготвен, Пјаниќ денес ќе го потпише – По заработката може да се види колку вреди за Јуве

Без оглед на понудите и интересите од другите клубови, Миралем Пјаниќ ова лето ќе остане член на Јувентус, а денес ќе потпише нов договор.

Како пренесувае Медиеста Премиум, подготвен е нов договор за Босанецот и денес ќе биде потпишан од него. Според новиот договор, тој ќе заработи седум милиони евра по сезона, или два и пол милиони повеќе од досега.

Ова значи дека исплатите ќе се изедначат со неговиот соиграч Пауло Дибала, а со тоа можеме да видиме колку значи за Старата дама. Пред нив по заработка е Кристијано Роналдо кој заработува 30 милиони евра по сезона. Инаки, Пјаниќ со новиот договор во Јуве ќе остане до летото 2022 година.

Пјавиќ во Јуве пристигнал во летото 2016 година од Рома за околу 32 милиони евра како клаузула за откуп на договорот со Рома. Ова лето имаше понуди од Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити и ПСЖ, но тој одлучи да остане.