Connect with us

Фудбал

Доколку не го продаде ова лето, Ливерпул ќе ја активира опцијата за продолжување на договорот на Ловрен

Искусниот Дејан Ловрен не е еден од најважните играи во тимот на Ливерпул. Покрај тоа, хрватскиот дефанзивец често се наоѓа на мета на критики за своите грешки.

Како и да е, тој е искусен и сепак квалитетен стопер кој има што да понуди на теренот.

Затоа, нема недостаток на интерес за 31-годишниот стопер, а во последно време се шпекулира дека Руски Зенит би сакал да го види во своите редови. Сепак, сè уште нема официјален контакт.

Претходно се шпекулираше дека Ливерпул може да го искористи Ловрен во замена за друг, веројатно поскап дефанзивец.

Меѓутоа денес, „ББС Спорт“ пишува дека Ливерпул ќе ја искористи опцијата и Ловрен, доколку не биде продаден летово, ќе го продолжи договорот со „црвените“ за дополнителна година.

Така, наместо до 2021 година, договорот на Ловрен ќе трае до 2022 година.

Така, Ливерпул би го спречил евентуалното заминување на Ловрен без компензација следната година, така што во летото 2022 година би можел да побара солидна цифра за неговиот трансфер.

Патем, Ловрен пристигна во Ливерпул во 2014 година од Саутемптон. Во тоа време „црвените“ издвоија повеќе од 25 милиони евра за неговиот потпис.