Фудбал
Доколку Садио Мане го напушти Ливерпул, замената ќе дојде од Челзи!?
Долго време се шпекулираше за преселбата во Германија, поточно во Баерн, но засега нема трансфер.
Садио Мане тврди дека сепак би можел да остане во Ливерпул, иако многумина се сомневаат во тоа.
„Ливерпул е клуб кој го почитувам, навивачите ме прифатија уште од првиот ден. Ќе видиме што носи иднината“, изјави сенегалскиот напаѓач.
Мане за Ливерпул одигра 269 натпревари и постигна 120 голови.
Доколку сепак Мане си замине, англиските медиуми шпекулираат дека како замена ќе пристигне Кристијан Пулишиќ од Челзи.
Американецот соработуваше со Клоп во Дортмунд и добро се познаваат, а наводно има неколку понуди од Италија.
Репрезентативецот на САД е фрустриран поради недостатокот на минутажа под водство на Томас Тухел, а италијанските клубови чекаат да видат дали Челзи ќе биде отворен за продажба ова лето.
23-годишниот фудбалер премина од Борусија Дортмунд за 58 милиони фунти, но ниту еден италијански клуб сега не може да ја плати таа сума и ќе бара намалена цена.
Дали Ливерпул ќе биде подготвен да го направи тоа, останува да видиме.