Connect with us

Фудбал

Докторката од Белград му возврати на Коста: Не сум јас виновна што играше лошо

Докторка Ковачевиќ од Белград е позната по лекувањето на спортистите. Таа користи коњска планцета, со која успеава да ги залечи раните и максимално да го забрза опоравувањето. Кај неа биле многу познати имиња, а едно од нив е Диего Коста.

Напаѓачот изјави дека зажалил што бил кај неа, додавајќи дека додека тој бил на електрошокови, таа пушела цигари.

Но, набрзо стигна одговор од Белград. Докторката Ковачевиќ не остана должна.

-Не сакам да се карам со некој кој наоѓа причини за својата кариера која не е онаква каква што сакал самио тој. Нека пишуваат што сакаат, но како јас да бидам виновна на човек кој од 2014-та година не игра добро, изјави Ковачевиќ за српските медиуми, која додаде:

-Коста кај мене не беше поради повреда. Дојде кај мене за да ја регенерира ложата во која имаше лузна. Имам снимки кои ќе ја покажат состојбата каква била кога дојде и каква била кога замина, вели таа.

Инаку, ви минатото кај неа биле Робин ван Перси, Алексис Санчез, Франк Лампард, Дарио Срна, Дејан Станковиќ, Лука Модриќ, Александар Коларов и други звучни имиња.