Connect with us

Фудбал

Докторски натпревар на Хрватска во Париз, голеада во Исланд

Од 20:45 часот се одиграа три дуели од четвртото коло во Лигата на нации.

Репрезентацијата на Хрватска во Лигата А во Париз одигра докторски натпревар против Франција.

Избраниците на Златко Далиќ славеа со 0:1 со голот на Лука Модриќ од пенал во петтата минута од натпреварот, а покрај голот, Хрватска изгледаше многу подобро и позрело од Франција и сосема заслужено славеше.

Во вториот натпревар од Лигата А, Данска славеше против Австрија со 2-0 на Винд во 21. минута и Сков Олсен во 37. минута од натпреварот.

Исланд и Израел одиграа одличен дуел во Лигата Б, а конечниот резултат гласеше 2:2.

Во претходниот термин од 18 часот во Лигата Ц, Казахстан ја совлада Словачка со 2:1, додека Азербејџан беше подобар од Белорусија со 2:0.