Connect with us

Други спортови

Доминација на Мерцедес во Шпанија, за Ферари нема подиум

Со 1-2 победа Мерцедес денеска доминираше на трката за големата награда на Шпанија, Хамилтон заврши на првата позиција а Ботас го освои второто место.

Трката започна со судир на тројца возачи. Откако болидот на Грожан се излизга на патеката, тој проба да го стабилизира и да се врати во трката, па од чадот на патеката, Хулкемберг и Гасли се судриа со Грожан. 

Сепак остатокот од трката помина мирно и без некој поголем инцидент. Хамилтон ја освои првата позиција, а веднаш зад него, односно на втората позиција заврши неговиот тимски колега, Ботас. 

Третот место му припадна на Верстапен, а четвртото на возачот на Ферари, Фетел.