Connect with us

Фудбал

Дортмунд веќе најде замена за Халанд!

Норвежанецот Ерлинг Холанд од следната сезона ќе го носи дресот на Манчестер Сити, а на денот кога беше официјализиран трансферот засилување доби и Борусија Дортмунд.

Холанѓанецот во дресот на „Милионерите“ ќе го наследи Карим Аџеми, кој доаѓа од Салцбург, клубот од кој одличниот Норвежанец пристигна во Дортмунд во 2019 година.

Клубот од „Сигнал Идуна Парк“ во вторникот потврди дека потпишал петгодишен договор со талентираниот германски репрезентативец. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пренесува дека Борусија платила 38 милиони евра, плус бонуси.

Талентираниот напаѓач беше во јуниорските категории на Салцбург од 2018 до 2020 година, кога беше прекомандуван во првиот тим.

Сезонава во австрискиот шампионат на 27 натпревари постигна 19 гола, додека во Лигата на шампионите на десет натпревари постигна четири гола.