Connect with us

Фудбал

Драма на Санчез Писхуан: Пеналите го решија победникот во Лига Европа!

Победник на овогодинешното издание на Лига Европа е екипата на Ајнтрахт.

Тие вечерва на стадионот Рамон Санчез Позхуан во Севиља по пенал ги совладаа Ренџерс, а беше 1:1 по 120 минути игра.

Првата шанса ја имаше Ајнтрахт во 11. минута. Камада излезе сам пред Мек Грегор, но голманот на Ренџерс одбрани и го спаси неговиот гол.

Кнауф шутираше десет минути подоцна, голманот на шкотската екипа ја одби топката која отиде вп корнер.

Првата ситуација пред голот на германскиот тим доде во 26. минута. Арибо остана сам на работ од шеснаесетникот и шутираше веднаш покрај противничкиот гол.

Четири минути подоцна Филип Костиќ можеше да го доведе Ајнтрахт во водство, но и неговиот удар беше веднаш до голот. Истиот играч по две минути повторно шутира, но повторно непрецизно.

Второто полувреме се отвори со падот на Боре во шеснаесетникот на Ренџерс, Ајнтрахт побара пенал, но не го доби. Три минути подоцна Арибо додава за Кент кој шутира, но далеку од голот на Ајнтрахт.

Првиот гол падна во 57. минута. Одбраната на Ајнтрахт прави нереална грешка, му ја поклони топката на Арибо кој не му беше тешко да постигне гол за водство на Ренџерс.

Ударот на Линдстром две минути подоцна беше изблокиран од Арибо, Германците повторно бараа пенал, но тоа не беше рака, па беше досуден само корнер.

Израмнување во 69. минута. Костиќ ја уфрли топката, а Боре погоди за 1:1. До крајот немаше големи возбудувања, освен шансата на Костиќ во 89. минута, па гледавме дополнителни 30 минути.

Арфилд шутираше над голот на германскиот тим во четвртата минута од првото продолжение, а две минути подоцна Боре се обиде на другата страна, но неговиот удар беше изблокиран.

На отворањето на второто продолжение Баришиќ се обиде и за малку го изненади Трап, но остана 1:1. Во 113. минута Кент се обиде од далечина, но Трап лесно одбрани.

На две минути пред крајот Кент шутира од белата точка, но Трап одбрани и го спасува својот тим. Таверние се обидува со одличен удар од слободен удар, но тоа беше лесен плен за Трап.

Така и по продолженија немаше победник, па победникот во Лига Европа се бараше со изведување пенал.

Првиот пенал го изведе Таверние и погоди, а од друга страна со иста мерка возврати Ленц. Дејвис ја отвора втората серија со одличен гол за Ренџерс, а израмнувачкиот гол го донесе, Ајдин Хрустиќ.

Ниту во третата серија не видовме промашување. Арфилд погоди за Ренџерс иако Трап ја прочита страната, а за 3:3 во пенали погодува Камада.

На отворањето на четвртата серија, Арон Ремзи шутираше неверојатно лошо, а Трап одбрани за големата предност на својот Ајнтрахт, што беше потврдено со голот на Костиќ.

Руф погоди во петтиот сет за Ренџерс, а Боре имаше пенал за трофејот и погоди за големото славје на Ајнтрахт!

Овој триумф значи за Ајнтрахт и настап во Лигата на шампионите следната сезона.