Connect with us

Други спортови

Драма во Германија: Трикратен македонски олимпиец се борел за живот! (ФОТО)

Трикратниот македонски олимпиец и освојувач на бронза од ЕП 1991 година, Зоран Шоров преживеал вистинска животна драма во Германија пред три недели, па лекарите во последен момент му го спасиле животот откако ненадејно имал големи проблеми со дишењето, објави фејсбук страницата „Штипски асови“.

Шоров заминал во Германија на веселба кај неговиот шура и внук во Штутгарт, но наместо на веселба завршил во болница, откако лекарите констатирале дека е во животна опасност, па веднаш потоа бил опериран. Шоров имал апцес на грлото и по хируршкиот зафат сега е во добра состојба.

„Останав две недели во болницата да се лекувам, по операцијата. Имав голема мака. Се спасив од најлоштото. Ми помогна и мојата сопруга, не случајно рекле ‘женичка – богородичка’. Благодарност упатувам и на германските лекари, кои веднаш интервенираа и ме спасија. Не дозволија да се вратам во Македонија, кога видоа во каква состојба сум. Сега ја напуштив болницата и ми треба одмор. Никогаш во животот не сум имал проблеми со грлото, но ете за моја несреќа ми се случи тоа во Германија. Наместо да присуствувам на радост, јас имав голема непријатност“, рекол Шоров за „штипски асови“.