Фудбал
Драматично во Барселона, трансферот на Левандовски би можел да пропадне?!
Со доаѓањето на Чави Ернандез на клупата, тимот се препороди и почна да постигнува позитивни резултати и да привлекува внимание со добра игра.
Сепак, состојбата во административниот сектор е доста драматична. Сомнителни се исплатите на платите на играчите и можните заминувања.
Многумина веќе го гледаат Роберт Левандовски во дресот на Барселона, но тој трансфер моментално е далеку од реализација бидејќи Каталонците немаат пари.
Баерн бара 40 милиони евра за својот најдобар играч, пари што треба да ги добие доколку Барса сака што поскоро Полјакот да пристигне на „Ноу Камп“.
Барселона би можела да обезбеди ликвидност со тоа што прво ќе продаде ТВ првата, поради што претседателот Жоан Лапорта мора да донесе одлука што е можно поскоро.
На маса има две понуди: CVC Capital Partners, со која Ла Лига го ратификуваше договорот и ѝ понуди на Барселона 270 милиони евра за 10% од ТВ правата во период од 50 години и Голдман Сакс, кој би платил 270 милиони евра за 20% права за период од 20 години.
Нема договор меѓу челниците на Барселона, има различни ставови кој договор да се избере, па под знак прашалник е дали вработените во клубот воопшто ќе земаат плати за јуни.