Connect with us

Фудбал

Дуелот Македонија – Косово повторно одложен

Европската куќа на фудбалот на денешната видеоконференција донесе одлука за ново одложување на мечевите. Претходно бараж натпреварите за пополнување на местата за ЕП, кое требаше да се одигра оваа година, но е одложено за 2021, беа одложени за јуни, но поради пандемијата која не стивнува одредени се нови термини.

Според најновата одлука меќевите ќе се одиграат во септември, а тука спаѓа и натпреварот од Лигата на нации, плеј оф полуфинале, помеѓу Македонија и Косово. Овој меч би се одиграл на трети септември, а финалето на осми септември.

Првиот термин требаше да биде 26 март, но поради пандемијата со Ковид-19 сите фудбалски натпревари се одложени или откажани.