Connect with us

Фудбал

Дупло поголема плата за Вертонген

Италијанскиот калчо гигант Интер се вклучи во трката по потписот на белгискиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Јан Вертонген.

Дефанзивецот кој може да игра на сите позиции кога е во прашање последната линија, на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а се погласни се шпекулациите дека Белгиецот сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Поради фактот дека може да пристигне како слободен играч на “Џузепе Меаца”, челниците на Интер се подготвени да му понудат дупло поголема плата од таа која моментално ја заработува во Лондон.