Connect with us

Кошарка

Дурант покажа кој е газда во Голден стејт

Актуелниот шампион во НБА лигата, екипата на Голден стејт ја забележа и третата победа во низа, откако на домашен терен славеше над Орландо со 116:110. „Воините“ по првото полувреме беа во негатива од 17 поени, но во продолжение направија целосен пресврт и триумфираа со кој се вратија на второто место во Западната конференција.

За Голден стејт не играа Стег Кари и Драјмонд Грин, а до победата ги предводеше Кевин Дурант со 49 поени и девет асистенции. Втор најдобар стрелец во тимот беше Клеј Томпсон со 29 коша, додека на спротивната страна одлична партија имаше Никола Вучевиќ, кој пред неколку дена му пресуди на ЛА Лејкерс, со 30 поени и 12 скокови.

Инаку, „воините“ конечно се вратија во победнички колосек, откако пред само една недела редеа порази, четири во низа, односно пет во шест натпревари.

Исто така интересен натпревар се одигра во „Капитал“ арената во Вашингтон, каде истоимениот тим по продолжение го совладаа Хјустон со 135:131 (125:125). „Ракетите“ не го избегнаа поразот и покрај тоа што Џејмс Харден имаше одлична партија од 36 поени и 11 асистенции.

На останатите натпревари, Кливленд на свој терен загуби од Минесота со 102:95, додека Шарлот беше подобар од Милвоки (110:107). Триумф забелешаа и Сан Андонио над Чикаго (108:107), Бостон над Њу Орлеанд (124:107), како и Индијана над Јута (121:88).