Connect with us

Фудбал

Два клуба во трката за Сари

Интер и Рома го сакаат истиот тренер, но ќе видиме дали некој од овие два клуба ќе дојде до Маурицио Сари.

Сари седеше на клупата на Челзи минатото лето, но поранешниот тренер на Наполи не славеше во Лондон и брзо може да се врати во Италија.

Според “Corriere della Serre”, Сари го сакаат два клуба од Италија, Интер и Рома. Интер Сари го гледа како наследник на Лучијан Спалети по многу бурна сезона.

Сари се приближува до отпуштањето од Челзи откако неговиот тим беше поразен од Евертон 2:0, а во Италија работел повеќе од 20 години.

Поранешниот тренер на Наполи е интересен и за Рома, иако Волчицата неодамна го именуваше Клаудија Раниери за тренер на местото од Ди Франческо.

Покрај Сари, во однос на Интер, еден од кандидатите за наследник на Спалети е поранешниот тренер на Јувентус и Челзи, Антонио Конте.