Connect with us

Фудбал

Двајца играчи на Реал скриени во аголот и глумат среќни

Реал Мадрид синоќа ја освои шпанската титула.

Со вчерашната победа против Виљареал, „кралевите“ ја обезбедија 34-та шампионска титула пред крајот на првенството, а како што се очекуваше, следуваше голема прослава по натпреварот.

 

И додека играчите и стручниот штаб на Реал ја славеа титулата, двајцата играчи на кралскиот клуб дојдоа на прославата тивко и без премногу емоции.

Секако, ова се отпишани играчи Герет Бејл и Хамес Родригез. Горчливата насмевка на нивните лица покажува дека апсолутно не им е грижа и не се залагале премногу за фотографија.

Ова е веројатно нивниот последен трофеј во дресот на „кралевите“ за двајцата, затоа што Зинедин Зидан веќе не смета на нив.